Почина свештеник на МПЦ од Ковид-19

од Vladimir Zorba

На инфективното одделение во велешката болница утрово почина маж на возраст од 58 години како последица од Ковид-19. Тој бил примен во болница пред четири дена. Од Батали.нет дознаваат дека починатиот бил свештеник на МПЦ-ОА.

„Утрово околу 8:30 часот почина маж на 58-годишна возраст од Богомила, кој е примен во болница на 22.10.2020 година со позитивен тест и од приемот е на кислородна поддршка“, соопшти др. Весна Николовска Неделкова, портпарол на Општа болница Велес.

Свештеникот е 24 жртва на коронавирусот во Велес од почетокот на епидемијата. Минатата недела инфективното одделение во велешката болница броеше девет починати. Црниот биланс продолжува и во новата недела.

Слични содржини