Почина таткото на пејачката Адел: Не ги поправија односите до крајот

од Stefanija Kuzmanovska

Марк Еванс, кој не разговарал со својата ќерка, мултимилионерката Адел, почина на 57-годишна возраст, пренесуваат британските медиуми.

Извор за „Сан“ открива како Марк Еванс не успеал да ги изгради односите со својата ќерка до крајот, и покрај обидите да ги поправи работите.

Ладењето на нивните односи се случи во 2011 година кога Еванс, кој ја напуштил пејачката уште кога била дете, во едно интервју тврдеше дека Адел тешко наоѓа љубов поради нејзините проблеми со напуштањето.

Еванс откри во 2013 година дека боледува од рак на дебелото црево, а во едно интервју истата година тој рече дека по години во кои не разговарал со Адел, сакал само да ја „врати својата ќерка назад“.

Слични содржини