Почина Тиери Муглер – креаторот кој ги облекуваше најголемите светски ѕвезди

од Vladimir Zorba

Тиери Муглер, француски моден дизајнер, креативен директор и креативен советник на модната куќа „Mugler“, почина на 74-годишна возраст.

– Шокирани сме што мораме да објавиме дека господинот Тиери Муглер почина во неделата на 23 јануари 2022 година. Нека му почива во мир душата – стои во објавата на неговиот Инстаграм профил.

Кога ја основа својата модна куќа во 1970-тите, Муглер стана познат по својот авангарден, хипер-женски и театарски пристап кон високата мода.

На почетокот на својата кариера, Муглер го дизајнираше препознатливиот изглед на Грејс Џонс, Дејвид Боуви и Дијана Рос, како и комбинациите на облека за спотот на Џорџ Мајкл „Too Funky“, како и фустанот на Деми Мур од филмот „Indecent Proposal“ од 1993 година, кој го доби епитетот „најпозна фустан од деведесеттите“.

Во исто време, тој го лансираше парфемот „ANGEL“, кој стана еден од најпродаваните парфеми на 20 век.

Во подоцнежните години, Муглер соработуваше со Лејди Гага, која го носеше неговиот модел во спотот за песната „Telephone“, и Карди Би, која често ги носеше неговите креации и на црвениот тепих и во музички спотови.

Муглер дизајнираше костими за Бијонсе и нејзината светска турнеја; со што неговиот бренд стана еден од најпосакуваните луксузни брендови за потрошувачите од генерацијата „Z“, според истражувањето на „Teenage Vogue“.

Слични содржини