Почина творецот на најголемиот хит на Селин Дион

од Nikola Popovski
63 прегледи

Американскиот текстописец Вилбур Х. Џенингс, авторот на стиховите за хитот „My Heart Will Go On“ од филмот Титаник, почина на 81-годишна возраст, објави „Холивуд репортер“.

Тој починал во својот дом во Тајлер, Тексас.

Негувателката на починатиот, Марта Шерод, изјави дека тој страдал од сериозни здравствени проблеми во последните шест години.

Својата холивудска кариера ја започнал во 1976 година, а една година подоцна, во соработка со композиторот Ричард Кер, го напиша хитот на Бери Манилоу „Looks Like We Made It“.

Тој бил примен во Куќата на славните на текстописците во 2006 година, речиси една деценија откако го освоил својот втор Оскар за песната на Селин Дион за филмот Титаник, „My Heart Will Go On“.

Својот прв Оскар го доби за музиката од филмот „Officer and a Gentleman“ и песната „Up Where We Belong“ во 1983 година.

Слични содржини