Почина уште еден пациент на Инфективна од коронавирусот

од Берта Китинска

Коронавирусот зеде уште една жртва во Македонија, дознава Слободен печат. Пациентот бил сместен на Инфективната клиника во Скопје, а бил од Дебар.

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука денеска потврди дека уште едно лице од Дебар има починато од коронавирусот, пишува весникот Коха.

Пациентот бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести во Скопје.

Информацијата ја потврдија и неговите најблиски кои рекоа дека тој бил болен од коронавирус и дека пред неколку денови бил хоспитализиран во скопската клиника.

Според податоците на Дука, до денеска бројот на заразени лица во Дебар е 47, додека осум жители на градот кои се излечени во Скопје се вратени во нивните домови во Дебар.

Повеќе детали се очекува да изнесе министерот за здравство, Венко Флипче, на редовната прес-конференција.

Ова e осмата жртва на коронавирусот во државата, а заболени се 285 лица.

Слични содржини