Почина Вини Пол Ебот, еден од браќата основачи на Пантера

од Vladimir Zorba

   Вини Пол Ебот, еден од основачите на хеви метал бендот Пантера, починал вчера вечер на 54 годишна возраст.

Засега нема информации за причината за смртта на тапанарот на култниот бенд. Вини Пол го основаше бендот заедно со неговиот брат, Дерел „Дајмбег“ Ебот, кој беше застрелан во 2004 година за време на концерт од страна на душевно пореметен посетител. Легендите на хеви метал сцената на во САД како Дејв Мастејн, Пол Стенли и групата Антракс денеска се простија од Вини Пол

Слични содржини