Починаа 18 лица од корона за 24 часа, најмладиот има 35 години

од Vladimir Zorba

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 18 починати лица, соопштија од Министерството за здравство.

Од нив, 7 починати лица се од Скопје (92г, 90г, 88г, 76г, 72г, 70г и 35г), по 2 починати лица од Валандово (70г и 64г), Кавадарци (74г и 71г), Крива Паланка (88г и 78г), и по едно починато лице од Куманово (62г), Струмица (78г), Свети Николе (86г), Велес (66г) и Тетово (49).

Од пријавените сите лица се починати во болнички услови.

Во однос на 35 годишното починато лице од Скопје, истото е со дијагноза Sy anxyosum, Obesitas, HTA и шизотипно растројство, 49 годишното починато лице од Тетово е со дијагноза HTA и St post Tromboflebitis, пациентката била на антикоагулантна терапија.

Од почетокот на ковид-кризата во земјава дсега бројот на починати е 7.436.

Слични содржини