Починаа 23 лица од Ковид-19

од Nikola Popovski

Министерството за здравство вечерва информира дека во последните 24 часа, регистрирале 23 починати лица од коронавирус.

Според бројките по градови, 9 починати лица од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по 2 починати лица од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г) ,Гостивар (74г и 65г) ,Струмица (83г и 68г) ,Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г), и по едно починато лице од Тетово( 48г ) и Виница (47г).

Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.

Слични содржини