Починаа 8 лица во изминативе 24 часа од корона, ниту еден од Скопје

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство денеска соопшти дека починале 8 лица во изминативе 24 часа како последица од коронавирусот.

Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г).

Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86494, бројката на оздравени пациенти е 67453, на починати е 2622, а бројот на активни случаи изнесува 16419.

Слични содржини