Починаа нови 12 лица од корона, најмладиот има 37 години

од Vladimir Zorba

Министерството за здравство соопшти дека нови 12 лица ја загубија битката со коронавирусот во изминативе 24 часа.

Од нив, 6 се од Скопје (48г,62г,69г,75г,78г, 84г,), по 2 лица од Гостивар (58г и 70г), и по 1 починато лице од Куманово (68г), Кавадарци (74г), Виница (66г) и Крушево(37г).

Од пријавените,  сите 12 лица се починати во болнички услови.

Од почетокот на корона-кризата во земјава починале вкупно 5.079 лица.

Слични содржини