Починати 20 лица од ковид-19, три лица биле целосно вакцинирани

од Milan1

Министерството за здравство информира дека во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 20 починати лица од ковид-19.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 15 починати лица: 6 починати лица од Скопје (69г, 72г, 77г, 82г, 89г и 90г), по 2 починати од Велес (43г и 69г), Струмица (65г и 66г) и Прилеп (58г и 80г) и по едно починато лице од Струга (89г), Крива Паланка (81г) и Богданци (75г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, пријавени се пет починати лица, по едно починато лице од Скопје, Гостивар, Куманово, Прилеп и Тетово на возраст од 63г до 80г. Пријавените се починати во период од 4.01.2022 до 20.01.2022г.
Од пријавените лица три се починати во домашни услови, а две лица во болнички услови.

Од вкупниот број на починати лица (n=20), три лица се целосно вакцинирани.

Слични содржини