Актуелно
Почетна / Локално / Почна чистењето на затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Почна чистењето на затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води

Директорот на новоформираното јавно претпијатие „Колекторски систем”, Владимир Алексијоски, на својот ФБ профил го најави почнувањето чистењето на затнатиот колектор за заштита на Охридското Езеро од отпадни и загадени води.

„Санација на колекторскиот систем. Обележување, пристапни патишта, снимање на цевководот, прочистување на цевковод, отстранување на корења и нечистотии, прочистување на препумпни станици. Ова е само почетокот на досега најголемата санација на со години запуштениот систем за заштита на нашиот бисер. Систем во тотален колапс. Систем за кој рековме дека ќе го вратиме во нормала, систем кој уште долги години ќе го заштитува езерото“, пишува Алексијоски.

Активностите за санација на терен ќе ги врши фирмата „Еко тим“ од Скопје, филијала на хрватска компанија „Инд Еко“ од Ријека што работи на санација на системи за канализациски и системи за одвод на атмостферска вода.

Санацијата ќе се врши со најсовремена технологија, со чистење на цевководот одвнатре без ископ на постојната мрежа. Во постоечките колекторски цевки ќе се вметнува специјален непропусен полиуретански материјал, што ќе спречува излевање на отпадните води надвор од системот, но и навлегување атмосферска вода во него.

Во рамки на проектот првично ќе се работи на делница од три километри од системот што се најкритични, целосно затнати односно нефункционални, а после репарирањето на препумпните станици да се рестартира системот. Дел од проектот предвидува и чистење на секундарните канализациски мрежи во Охрид и Струга, а се во насока повторно стартување и заштита на Колекторскиот систем за заштита на езерото.

loading...