Почна Европското: Тоти, Неста и Бочели на отворањето во Рим (ФОТО)

од Nikola Popovski

Конечно започна Европското првенство во фудбал, а отворањето на Олимпискиот стадион во Рим, во пресрет на  премиерата Италија-Турција, го одбележаа легендите како Франческо Тоти и Алесандро Неста, додека славниот Андреа Бочели пееше на отворањето.

На стадионот Олимпико беа постави знамињата на сите 24 земји кои изборија пласман на ова првенство, меѓу кои за прв пат во историјата се најде и македонското знаме.

Боно Вокс и Мартин Гарикс ја изведоа официјалната химна на Европсото првенство.

Слични содржини