Почна исплатата за скенираните фискални сметки од последното тримесечје од 2020 година

од Берта Китинска

Започна процесот на исплата на паричните средства од МојДДВ за последното тримесечје од 2020 година, согласно Законот за враќање на дел од ДДВ кај физичките лица, соопштија од Управата за јавни приходи.

На граѓаните кои скенирале фискални сметки преку апликацијата МојДДВ за месеците октомври, ноември и декември 2020 година, ќе им се исплати дел од данокот на додадена вредност искажан во фискалните сметки.

Во последното тримесечје од 2020 година скенирани се 67 272 456 фискални сметки, вкупниот промет е 33.398.562.346,00 денари, а на граѓаните ќе им се вратат околу 382 милиони денари односно околу 6,1 милиони евра.

Проектот МоЈДДВ кој Управата за јавни приходи го започна на 1 јули 2019 година, успешно се реализира и успешно ги остварува двете главни цели:враќање назад пари кај граѓаните, и сузбивање на сивата економија.

Слични содржини