Почна настапот на македонските олимпијци, Бранковски го освои 21 место

од Stefanija Kuzmanovska

На Летните олимписки игри во Токио во 06.00 часот наутро по средноевропско време настапи првиот македонски олимпиец, Борјан Бранковски во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Во квалификациите нашиот натпреварувач успеа да го освои 21 место од вкупно 36 натпреварувачи.

Бранковски успеа да погоди вкупно 573 кругови, во третата серија (од вкупно шест) беше најдобар со 98 кругови.

Најдобар резултат во квалификациите имаше Шаудари Саураб од Индија со 586 кругови.

Најдобрите осум обезбедија пласман во финалето.

Утре, на 25 јули во 04.00 часот по средноевропско време, Арбреша Реџепи ќе го има својот настап во женскипот џудо турнир за натпреварувачки до 52 килограми.

Слични содржини