Почна пресметката меѓу „Фолксваген“ и „Тесла“ вредна милијарди

од Vladimir Zorba

На кинескиот пазар за електронски возила започна голема пресметка помеѓу „Тесла“ и „Фолксваген“, која се спои со група кинески компании.

„Фолксваген“ и неговите кинески партнери ќе инвестираат околу 15 милијарди долари со цел да лансираат 15 различни модели на електронски возила на кинескиот пазар до 2025 година. Соопштението дојде откако „Фолксваген“ објави дека ќе инвестира вкупно 33 милијарди долари на глобално ниво во преминот од автомобили со внатрешно согорување на електрични.

„Фолксваген“ не крие како нивната главна цел е да го престигнат „Тесла“ во производството на електрични возила, како и да станат најголемиот светски производител на возила со електронски погон.

Аналитичарите проценуваат дека успехот во Кина ќе биде клучен за доминација на глобалниот пазар. На трката против Тесла во Кина, „Фолксваген“ стартува со две нови фабрики со заеднички максимален капацитет за производство од 600.000 возила годишно, пишува „Јутарњи лист“.

Кинескиот пазар на електрични возила се врати во раст по едногодишен пад поради драстичното намалување на владините стимулации. Во моментов, електричните возила во Кина учествуваат со околу 5 проценти во продажбата на автомобили во Кина. Целта на владата е продажбата на е-возила да достигне удел од 25% до 2025 година. Најпопуларниот модел на е-возило во Кина е „Тесла 3“.

Слични содржини