Почна состанокот на делегациите на Турција, Русија, Украина и ОН за транспорт на украинско жито

од Stefanija Kuzmanovska

Во Истанбул започна состанок на воените делегации на Турција, Русија, Украина и претставници на Обединетите нации (ОН) за поморски транспорт на украинско жито и други намирници.

Во соопштението на Министерството за одбрана се наведува дека на средбата ќе се разговара за безбедна испорака по море на жито и други прехранбени производи кои чекаат во украинските пристаништа.

Средбата на четворката се одржува во павилјонот Календер во Истанбул.

Министерот за одбрана на Турција, Хулуси Акар, вчера најави дека утре во Истанбул ќе се одржи важен состанок на воените делегации во врска со безбедниот поморски транспорт на жито од украинските пристаништа.

Во соопштението Акар истакна дека средбите се одвиваат на позитивен начин во екот на дипломатските активности и директиви дадени од турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган во насока на надминување на кризата со храна.

Потсетувајќи дека имал средби со рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу и со украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников, Акар рече дека после тоа била воспоставена „црвена линија“ и директен контакт меѓу Турција, Украина и Русија.

Делегација на турското Министерство за одбрана ја посети Москва за да се сретне со руската воена делегација за решавање на кризата со храната, а потоа и украинска воена делегација ја посети Турција.

Слични содржини