Почна средбата меѓу Заев и Гаши

од Берта Китинска

Почна средбата на премиерот Заев и лидерот на Алтернатива Гаши во Клубот на пратениците. Тие  ќе се обидат да постигнат договор за влез на Алтернатива во владината коалиција.

Заев вели дека мнозинството ќе се зголеми.

„Имаме стабилно парламентарно мнозинство, очекуваме и зголемување на мнозинството, не очекуваме предвремени парламентарни избори – напротив до редовните избори во јуни 2024 година Владата ќе се посвети на силен развој на економијата“, рекол Заев на средба со австрискиот шеф на дипломатијата во контекст на евроинтеграциите.

Во овој момент, имаме мнозинство од 61 пратеник, истакна Јован Митревски, координатор на пратеничката група на СДСМ. Тој посочи дека Зоран Заев ќе има средба со лидерот на Алтернатива Африм Гаши за новото мнозинство, но, како што вели, не очекува дека брзо да се заврши.

– Тие разговори ќе продолжат и какви места ќе се понудат, тоа е дадено овластување на Заев од ЦО на партијата, и понатаму ќе носиме одлуки низ телата на партијата. Имаме мнозинство во Собранието. Кастриот Реџепи се изјасни дека останува во мнозинството, има и други пратеници со кои се разговара и кои во минатиот период давале поддршка и очекувам тие имиња да се споменат – рече Митревски на ТВ 24.

Слични содржини