Почна судењето на малолетниците за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ: Еден го призна делото

од Илинка Илиоска
436 прегледи

Почна судењето за двајцата малолетнци, Н.З. (17) и Ф.Б. кои кон крајот на мај до смрт го претепаа братот на потпретседателот на Владата на Федерацијата БиХ, Ѓорѓе Мијатовиќ. На денешното рочиште треба да се сослушаат сведоци, а еден од обвинетите Н.З., во полиција го признал делото за кое се товари.

Осомничените се товарат дека му нанеле тешки телесни повреди на Ѓорѓе Мијатовиќ, од кои починал во болница, а за ова кривично дело им се заканува казна малолетнички затвор до 10 години.

„Постариот го призна убиството на рочиштето, кога му беше одреден притворот, Ф.Б. Во тек е изведување на докази во подготвителна постапка“, вели изворот на порталот Нова.рс.

Смртта на Ѓорѓе Мијатовиќ ја шокираше јавноста во регионот. Кобниот ден се спротиставил на малолетни хулигани бидејќи го малтретирале неговиот син во паркот пред зградата. Станува збор за тинејџери кои се познати по своето проблематично однесување, а се обвинети дека на Мијатовиќ му нанеле шест удари во главата, од кои еден во слепоочницата, при што му напукнал черепот. Потоа доживеал епилептични напади и починал во болница.

Еден од малолетниците Ф.Б., на рочиштето пред судијата за малолетници на Вишиот суд во Белград, раскажа што се случило кобниот ден.

„Момчето го знаеме одамна, тоа попладне му дадовме пари да оди во продавница и да ни купи вода и чоколадо. По некое време се вратил со шишиња вода, но без чоколадо. Потоа му ја зедовме топката и не сакавме да ја вратиме. Истрча дома. Таткото на момчето тогаш излезе од зградата, дојде до мене и почна да се расправа, во стилот на какво однесување е тоа дека му ја земаш топката. Потоа ми удри шлаканица и почнавме да се караме. Кога паднавме, јас станав и потоа го удиравме по главата и телото“, му рекол тинејџерот Ф.Б. на обвинителот за малолетници.

Токму ваквата одбрана на малолетниците ги разгневи жителите на белградската општина Вождовац. Според нив, Ф.Б е малолетник кој е добро познат во населбата Медаковиќ и Браќа Јековиќ бидејќи често предизвикуваа инциденти.

Како што посочуваат, изјавата на малолетникот Ф.Б за убиството на Ѓорѓе Мијатовиќ е иста како онаа што ја дал кога го претепал докторот Бранко Кајтази.

Уапсените млади се товарат за кривично дело тешко убиство.

„За кривично дело за кое е пропишана казна затвор од дваесет години или потешка казна или за најмалку две кривични дела за кои е пропишана казна затвор над десет години, малолетнички затвор може да се изрече до до десет години“, стои во српскиот Кривичен законик за малолетници.

Малолетничкиот затвор се изрекува само во исклучителни случаи. Во други случаи, генерално се изрекуваат воспитни мерки и наредби.

МАЛОЛЕТНИКОТ КОЈ ВО ПАРК ГО УБИ МИЈАТОВИЌ ТЕПАЛ И ПОЗНАТ ЛЕКАР! Шеснаесетгодишникот правел хорори во Вождовац

Слични содржини