Почна втората сезона на крипто-измамата „Squid Game“ со 500% раст

од Vladimir Zorba

Она што се случува во светот на криптовалутите често ги остава случајните набљудувачи во чудење. Тешко е да се најде објаснување за тоа што се случува со криптовалутата „Squid Game“.

На почетокот на оваа недела, проектот кој го доби името по хит серијата на Netflix, но немаше никаква врска со неа, ги обиколи светските медиуми.

Криптовалутата порасна за неверојатни 230.000 отсто, а неколку минути подоцна падна за 99,99 отсто.

Експертите проценуваат дека програмерите зад проектот „извлекле“ 3,3 милиони долари.

Веста за измамата беше нашироко дискутирана, со предупредувања од инвеститорите да бидат повнимателни и да бараат повеќе информации за проектите во кои ги вложуваат своите пари. Дури и „белата книга“ на „Squid Game“ ја опиша продажбата на токени како речиси невозможна – освен за портфолиото на девелоперите. Но, се покажа дека речиси никој не ја прочитал.

И покрај сите предупредувања во четвртокот, инвеститорите повторно побрзаа да ја купат криптовалутата. Според CoinMarketCap, цената скокна на 0,9231 долари, или 544,69 отсто раст околу 10:00 часот по македонско време. Претходно, достигна дури 0,15 долари – сè уште далеку од 2.861,80 долари достигнати на почетокот на неделата.
Обемот на трговијата надмина 80 милиони долари.

Исто така, постои збунетост во крипто-заедницата за тоа како е можно инвеститорите двапати да паднат на истата лага. Се дискутира и за можноста самите програмери вештачки да ја зголемиле цената во обид да измамат повеќе луѓе.

А ова што се случува се повеќе потсетува на она што се случуваше во серијата – во која на крајот има само еден победник.

Слични содржини