Врховниот суд на Крим ја забрани дејноста во Русија на јавното здружение Меџлис на Кримската Татари и го прогласи за екстремистичка организација. Тужбата против главната невладина структура на муслиманите на анектираниот полуостров беше поднесен на 13 април од главниот обвинител на Крим Наталија Поклонскаја.

Неколку дена откако таа ги прекина активностите на Меџлисот соодветно решение донесе и Министерството за правда во Симферопол.

zx450y250_2303147

Одлуката на судот беше донесена и покрај критиките од САД, Европа и Турција дека тоа е форма на кршење на основните човекови права. Барањето на Поклонскаја се совпадна со првиот извештај на Советот на Европа за состојбата на малцинските права во Крим, полн со остри критики.

Мотивите на главниот обвинител беа дека Меџлисот изведувал антируски активности, а раководителите “ги користат Кримската Татари како поткусурувачка монета” и дури соработуваат со организациите “Сиви волци” и “Физб-ут-Тахрир”, прогласени за терористички во Русија.

Организацијата “Меџлис на кримските татари” е основана во 1991 година. Во 2014 година таа одби да го признае за легитимен т.н.. Референдум за влезот на полуостровот кон Русија и потоа раководителите на организацијата го напуштија полуостровот.

DW: Намерата е да се избегнат санкции, а не да се изречат

Поранешниот лидер на Меџлисот е Мустафа Џемилов, еден од правозаштитниците од последните години на СССР, а неговиот наследник е Рефат Чубаров. Во јануари оваа година Русија издаде меѓународна потерница за нивно апсење .

Повод за прогласување на организацијата за екстремистичка е учеството на Кримските Татари во блокадата на Крим од украинска страна и саботажа на столбови од далноводи за снабдување на полуостровот. Во Симферопол директно го обвинија Меџлисот за соработка и заеднички интереси со украинската националистичка мрежа “Десен сектор”, забранета во Русија. На координаторот на блокадата Ленур Ислјамов му е подигнато во отсуство обвинение за диверзии и е блокиран неговиот имот во Крим.

Самата организација Меџлис сепак нема формално решение за блокада, ги отфрла обвинувањата за врски со “Десен сектор” и нејзините водачи преддупредија дека ако има забрана, ќе најдат друга форма да ги продолжат своите активности.

Пред една година беше запрена и Кримската телевизија на татарски јазик, дополнува “Ројтерс”. Агенцијата потсетува дека во 1944 година за време на масовната депортација на Кримските народи во Сибир и Централна Азија загинуваат околу 200 000 татари. Дозволено им е да се вратат дури во крајот на 80-те години на дваесеттиот век и до денес недовербата кон Москва не е отстранета. За многумина руското управување се поврзува со депортации, угнетување и страдања.

Нилс Музниекс, комесар во Советот на Европа, повика судот да ја поништи забраната. “Споредувањето (на здружението) со екстремистичка организација ја отвора вратата кон набљудување и дискриминација на значителен дел од Кримската татарска заедница и испраќа негативна порака до татарски народ како целина”, се вели во изјавата.

“Окупатори на Крим прават максимални напори за да ги победат Кримската Татари и да го затворат устата на сите”, рече во Киев Рефат Чубаров.

Слични содржини