Почнаа да се рушат објектите, околу езерото Треска ќе се изгради викенд населба

од Берта Китинска

Започна уривањето и расчистување на старите објекти кои некогаш го красеа излетничкото место Треска.

Со градежна механизација општина Сарај започна со уривање на дел од објектите и старите тоалети кои се околу езерото Треска.

Владата донесе и одлука земјиштето околу езерото во селата Глумово и Шишево, да се пренамени во градежно, за да може Општината да направи ДУП за вцртување на маркичките за објектите.

Планирано е околу езерото да изгради викенд населба, хотелски комплекс и спортско-рекреативен центар за развој на еко туризам.

Слични содржини