Почнува да се произведува летачкиот костим на Џејмс Бонд

од desk2

Со децении ранецот со кој Џејмс Бонд „леташе“ во филмот „Thunderball” во 1965 година беше производ на научна фантастика. Повремените експериментални уреди никогаш досега не влегле во сериско производство затоа што, главно, се премногу опасни.

Но, британскиот иноватор Ричард Браунинг сега почнува со сериско производство на својот „летачки костим“. Тој минатата година влезе во Гинисовата книга на рекорди со својот летачки костим постигнувајќи досега најголема брзина со костим кој се контролира со телото – 51 км/ч.

Почетната цена на костимот ќе биде околу 300.000 евра. летачкиот костим ќе троши 4 литри авионско гориво или дизем во минута, така што летот ќе може да трае од 5 до 10 минути со полн резервоар. Иноваторот тврди дека управувањето со костимот не е потешко отколку возење скап моторцикл или тркачки автомобил, а тој што лета не чувствува поголема топлина од кога се носи моторџиски елек на топол ден

Слични содржини