Почнува гласањето за наследник на Џонсон

од Stefanija Kuzmanovska

Членовите на британската Конзервативна партија почнуваат да гласаат оваа недела за да го изберат нивниот нов лидер, кој ќе го наследи Борис Џонсон на премиерската функција.

На Лиз Трас добро ѝ оди во анкетите на јавното мислење по првите телевизиски дебати во кои се соочи со поранешниот министер за финансии Риши Сунак.

Членовите на владејачката партија, чиј број не се знае точно, но се проценува на околу 200.000, имаат рок до 2 септември да гласаат за својот фаворит. Резултатите ќе бидат објавени на 5 септември. Гласачките ливчиња треба да се добијат до крајот на неделата. По многу отворениот почеток на кампањата и серијата од пет гласа резервирани само за пратениците да ги изберат двајцата финалисти, се чини дека тензијата стивна.

Риши Сунак (42), кандидат фаворизиран од конзервативните пратеници и пофален за неговите потези за време на пандемијата со ковид-19, е помалку популарен кај пошироката партиска база. Од друга страна, 47-годишната Трас во последниве денови доби голем број одобрувања од истакнати членови на партијата, вклучувајќи го и секретарот за одбрана Бен Валас.

„Трката е многу тесна и јас се борам за секој глас“, рече Трас за време на кампањата за викендот. Иако на почетокот делуваше поригидно и помалку опуштено во некои дискусии, последниве денови е посигурна во себе.

Слични содржини