Почнува имунизацијата на вработените во училиштата

од Берта Китинска

Неделава ќе започне закажувањето термини за вакцинација на вработените во високообразовните институции.

Во моментов ресорното Министерството најмногу е фокусирано на вакцинацијата и се очекува до петок да бидат вакцинирани околу 500.000 граѓани. Вакцинацијата се одвива во сите пунктови во земјава и поделени се сите вакцини, согласно бројот на пријавени граѓани.

Здравствените власти сметаат дека тоа е недоволно и апелираат граѓаните да се пријават за вакцинација. Во зголемувањето на бројот на имунизирани лица треба да придонесе и теренската вакцинација, која е веќе почната кај нас. Властите најавуваат дека теренската вакцинација ќе се интензивира и ќе придонесе да се вакцинираат жителите кои се хронично болни и помалку подвижни, а кои живеат во оддалечените места околу големите градови.

Во однос на вакцинирањето на трудниците и доилките, министерот посочи дека ставот на Стручниот комитет е дека за нив треба да се преферира вакцината на „Фајзер”.

Од ресорното Министерство уверуваат дека сите граѓани кои изразиле желба за вакцинација ќе се вакцинираат и додаваат дека процесот оди многу брзо и оти располагаат и со голем број вакцини.

Најавуваат дека периодов ќе пристигнуваат дополнителнтелни пратки вакцини кои ги купивме во директни преговори со „Фајзер”, „Спутник В”, како и вакцини преку Ковакс механизмот.

Слични содржини