Почнува Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“

од desk4

Вечер во киното „Мис Стон“ во Прилеп ќе почне 3. Интернационален филмски фестивал „Winter Apricots“.

Филмската програма на „Winter Apricots“ се состои исклучиво од кратки филмови. Во официјалната селекција се 10 финалисти, а ќе бидат прикажани во петок и сабота. Придружната програма е составена од „Денс“ филмови на италијанскиот „Stories We dance“, додека во тематската селекција публиката ќе го изгласа најдобриот краток македонски филм.

Фестивалот ќе започне со концерт на Дуња Иванова која  ќе отсвири дела од полскиот композитор Збигњев Прајснер направени за филмските остварувања „Абердин“, „Двојниот живот на Вероника“ и „Три бои“, а ќе изведе и 10 едноставни пиеси за пијано.

Затворањето на фестивалот ќе го одбележи настапот на музичката група „Калевала“.

Слични содржини