Почнува исплатата на пензиите: Еве по кој редослед ќе може да се подигнат

Денес стартува исплатата на јануарскте пензии, а ова е уште еден дел од мерките кои веќе се активни поради Ковид 19, односно предвремената исплата.

Во експозитурите на банките, со цел да се не создава метеж, пензиите ќе бидат поделени во четири групи односно:

-пензиите во висина до 11.000 денари ќе бидат исплатени денес

-пензиите од 11.001 до 14.000 денари ќе бидат исплатени на 27.01.

-оние во висина од 14.001 до 18.000 ќе се исплатат на 28.01.

-додека оние над 18.001 денари ќе се исплатат во петок на 29.01.

Оние пензионери пак, кои поседуваат платежна картичка, со својата пензија ќе можат да располагаат уште во текот на денешниот ден.

До пензионерите се апелира да се придржуваат до распоредот за исплати, бидејќи етапната исплата е направена со цел да се намали метежот пред банките и можностите за загрозување на личното и јавното здравје.

Слични содржини