Почнува најбизарното ријалити во историјата: Мажите се натпреваруваат кој ќе и направи дете на оваа жена (ВИДЕО)

од Aleksandar Petrovski

Во ријалити програмите можевме да видеме сешто, а еден нов, може да се рече најбизарен досега го почна телевизијата Фокс. Имено во прашање е шоу по име „Labor of Love“.
Во ова ријалити 15 мажи се натпреваруваат кој од нив ќе и направи дете на Кристи Кецмен, која исто така е дел од шоуто.


Оваа жена е разведена и сè уште не се остварила во улогата на мајка. Бидејќи влегла во својата петта деценија, таа одлучила да роди дете и да го пронајде човекот од нејзиниот живот во ова реално шоу.

– Само што наполнив 40 години и ја прекинав врската. Сакам да основам семејство, а времето не е на моја страна – рече Кети.
Во првата епизода од реалното шоу, мажите донираат сперма. Водителот Кристен Дејвис, која го глумеше ликот на Шарлот во серијалот „Сексот и градот“, им овозможи на натпреварувачите да знаат дека на тој начин (кога ќе донираат сперма) ќе знаат кој од нив е плоден и кој останува во шоуто.

Иако биле шокирани, кандидатите се согласиле на овој чекор.

Но, тоа е само еден сегмент од ријалити. Имено, учесниците ќе треба да покажат како се грижат за децата, како менуваат пелени и слично. Тие исто така ќе бидат поврзани со машина која симулира болки при породување. Секоја недела, еден кандидат ќе го напушта шоуто.

Слични содржини