Почнува со примена колективниот договор во културата

од Nikola Popovski

На средбата одржана меѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот на култура е договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.

Колективниот договор за културата е склучен на 30 декември 2019 година.

Како што соопшти Министерството за култура, со членот 130 беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година.

Слични содржини