Почнува со работа фабриката во Ќојлија, Заев најави нови вработувања

од Берта Китинска

Денеска официјално беше отворена фабриката за одгледување канабис за медицински цели во Општината Петровец, во индустриската зона Ќојлија.Се работи за Гринфилд инвестиција на компанијата „Њујорк – Скопје холдинг“.Производите на новата фабрика ќе се пласираат на странските и на домашниот пазар.

-Ваквите инвестции влеваат  сигурност отвараат кавлитетни работни места. Компанијата ,,НЈСК Холдинг”  извезува производи до сите континенти во светот.Потребно е да се насочиме кон производство на производи со висока додадена дејност и да фатиме чекор со светските трендовите. Секоја криза е можност за нов почеток, а наша задача е да создадеме услови за инвестиции, додека претпријатијата треба тоа да го искористат. Ние сме за тоа оваа гранка да се равива по европските и светски стандарди. Верувам дека и парламентот е подготвен за такви измени и ќе се овозможи извоз на цвет од канабис за медицински цели, изјави премиерот Зоран Заев, во своето обраќање.

 

Слични содржини