Почнуваат Олимписките игри во Токио, Македонија има осум натпреварувачи

од Берта Китинска

Денес на „Националниот стадион“ во Токио со почеток во 13 часот по македонско време ќе започне Свеченото отворање на Летните олимписки игри 2020.

Македонската експедиција ќе има осум натпреварувачи:

Знаменосецот Дејан Георгиевски, кој ќе настапи во таеквондо – категоријата +80 килограми
Арбреша Реџепи – џудо категорија 52 килограми
Миа Блажевска Еминова – пливање, на трката на 100 метри
Филип Деркоски – пливање, 400 метри
Борјан Бранковски – спортско стрелаштво 10 метри
Јованоска Пулексенија – карате, кати
Стојоски Јован – атлетика, трка на 400 метри
Нуров Магомедгаджи – борење слободен стил, 97 килограми.

На Олимпијадата која ќе трае до 8 август се очекува да учествуваат приближно 12.500.

Слични содржини