Почнуваат подготвителните активности за вежбата „Swift Response 22“

од Vladimir Zorba

Министерството за одбрана соопшти дека од денес, 22 април, отпочнуваат активности кои се однесуваат на пристигнување на персонал и потребни материјални средства за вежбата „Swift Response 22” која ќе се реализира на армискиот полигон „Криволак“.

Во текот на денешниот ден отпочнува првичниот поголем транспорт на потребните воени материјални средства по копнен и воздушен пат, кои ќе се одвиваат периодично, сè до завршување на вежбата на 31.05.2022 година.

Движењата и транспортот заради учество на вежбата се одобрени со одлуката од 32 седница на Владата на Република Северна Македонија и се целосно координирани со сите надлежни институции согласно пропишаните процедури, додаваат од МО.

Слични содржини