Почнуваат вежбовните активност, македонската армија раздвижена со војници и возила

од Берта Китинска

Во текот на денешниот ден почнаа да се изведуваат вежбовни активности во гарнизоните каде има стационирани единици на Армијата, како дел од редовните и планирани активности на Генералштабот и потчинетите команди и единици.

-Овие вежбовни активности кои се изведуваат во и вон работно време во различни периоди на годината се дел од годишниот План на Генералштабот за обука, вежби и контрола, при што единиците и припадниците на Армијата се валоризираат во изведување на предвидени постапки и мерки во зададени ситуации, информираат денеска од Генералштабот на Армијата.

Оттаму додаваат дека за оваа активност и раздвижувањето на персонал и моторни возила кое ќе се одвива во гарнизоните, навремено се известени сите релевантни државни институции на подрачјата каде се предвидени активностите.

Слични содржини