Почувствуван земјотрес во северозападните делови од Македонија

од Nikola Popovski

Денес во Македонија бил почувствуван земјотрес, чиј епицентар се наоѓал во Република Албанија на 170 километри северозападно од Скопје.

-Земјотресот е регистриран во 14 часот и 26 минути, имаше локална Рихтерова магнитуда ML4.2, а беше почувствуван од населението во северозападните делови со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала, соопшти Сеизмолошката опсерваторија.

Во текот на денот, во регинот имало уште еден земјотрес со епицентар на границата меѓу Црна Гора и Албанија на албанска страна над Скадарското Езеро.

Слични содржини