Минатата година, Xiaomi буквално ја потресе конкуренцијата со својот Pocophone F1, кој понуди топ
карактеристики по цена на уред од средна класа.
Сега е јасно дека компанијата работи на „Лајт“ верзија на својот хит модел. Poco F1 Lite се појави во
популарната база на податоци Geekbench (https://browser.geekbench.com/v4/cpu/12400822), што
значи дека верзијата е релативно близу до пазарна премиера.
Тестовите покажуваат дека телефонот има Snapdragon 660 чипсет и 4 GB RAM меморија. Poco F1,
логично, работи на Android 9 Pie и неговите резултати се 1.341 и 4.830 поени, соодветно, во
тестовите со едно и повеќе јадра на Geekbench.
Интересно е дека во базата на податоци се појави уште еден уред на Xiaomi со кодно име Uranus, ко
го нуди истиот хардвер, но постигна една идеја послаби резултати од F1 Lite.