Под 500 активни случаи: Во пет општини нема заразени со ковид 19

од Берта Китинска

Се намалува бројот на новозаболени од Ковид-19 во државава.

Според податоците на министерството за здравство регистрирани се 451 активен случај, а вакцинацијата, според надлежните, се одвива непречено во сите пунктови.

Во моментов ниту едно заболено лице со ковид 19 нема во Пехчево, Дојран, Демир Капија, Пробиштип и Богданци .Поголемиот дел од градовите имаат по едноцифрен број на заразени лица.

Во главниот град кој беше ковид жариште сега се регистрирани само 212 активни случаи.Покрај бројот на заразени што опаѓа се празнат и ковид центрите низ земјава.

Поради намалениот број болни, болниците затворија дел од капацитетите наменети за ковид пациенти.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.469, бројката на оздравени пациенти е 149.551, на починати е 5.467, а бројот на активни случаи изнесува 451.

Слични содржини