Под мотото „Сите сме=во правата“ во Скопје ќе се одбележи Светскиот ден на детето

од Vladimir Zorba

По повод Светскиот ден на детето и одбележувањето на 30 години од усвојувањето на Конвенцијата за правата на детето, денеска во Домот на Армијата во Скопје ќе се одржи настан под мотото „Сите Сме = Во Правата“, на кој учествуваат деца од градинки, основни и средни училишта од повеќе градови од Републиката.

Настанот е организиран од Институцијата Народен правобранител во соработка со Коалицијата на младински организации „Сега“ од Прилеп, Управата за развој и унапредување на образованието и јазиците на припадниците на заедниците, како и детската фондација „Песталоци“.

По тој повод, омбудсманот Иџет Мемети пред седиштето на Канцеларијата на народниот правобранител ќе даде изјава за медиумите и ќе упати порака за Светскиот ден на детето.

Ккао што информираат од Канцеларијата на народниот правобранител, по завршување на пригодната свеченост точно напладне, децата пред зградата на Собранието на Република Северна Македонија на претседателот на Праламентот, Талат Џафери ќе му го прочитаат и предадат „Барањето од децата за правата на децата“.

Настанот ќе заврши на плоштадот „Македонија“ каде учесниците ќе пуштат балони во разни бои, со што симболично ќе упатат порака за еднаквост на децата во правата.

Слични содржини