Подарок-картичката од Ист Гејт Мол и Комерцијална банка е во продажба

од Vladimir Zorba

Ист Гејт Мол и Комерцијална Банка известуваат дека „Ист Гејт подарок-картичката“ е на понуда и доаѓа токму во пресрет на најубавите празници во годината.

„Ист Гејт подарок-картичката“ е достапна во вредност од 1.000, 2.000, 3.000, 4.000 и 5.000 денари, со цел да биде вредна за дарување во секоја прилика и со најразличен повод – и може да се набави во сите експозитури на Комерцијална банка. Подарок картичката е прифатена од бројни продавници во Ист Гејт Мол, односно најпознатите брендови од светот на модата, козметиката, технологијата и спортот. Може да се користи во период од шест месеци од денот на нејзиното купување и да се троши повеќекратно во тој временски период, на различни продажни места.

Сите детали за картичката и листата на продажни места каде што може да се користи се достапни на следниот линк: https://eastgatemall.mk/eastgate-podarok-karticka/ и https://kb.mk/gift-egm.nspx.

„Ист Гејт подарок-картичката“ е наменета и за физички и правни лица кои сакаат да подарат вредност за вработените во компанијата, и претставува модерно и елегантно решение кога го барате најсоодветниот подарок за да изразите љубов, внимание, радост, почит или задоволство.

Слични содржини