Црната кутија на соборениот руски воен авион на 24 ноември руски е толку оштетена што не може да се извлечат податоците од неа, соопшти Министерството за одбрана во Москва.

download

Државната РИА “Новости” наведува дека од 16 чипови во уредот 13 се уништени, а другите три се со сериозни повреди. Поради тоа читањето на информациите за летот на вообичаен начин е невозможно и ќе се направи обид тоа да се стори на друг начин.

“За тоа, сепак, ќе треба многу повеќе време”, додава Сергеј Баинетов, началник во Воздушно-вселенските сили на Русија.

Оштетувањето било толку големо заради силата со која авионот се удрил во земјата.

https://www.youtube.com/watch?v=5mnl8qQGAZE

Слични содржини