Поддршка на поранешната девојка: Тејлор Свифт танцуваше на песната на Хари Стајлс на Греми наградите

од Radmila Tasevska

Британскиот пејач ја доби наградата за албум на годината, а настапи и со една песна од албумот. Поранешната девојка стоела на нозе и го поддржувала цело време.

Пејачот Хари Стајлс (29) доби Греми за албум на годината, за албумот „Harry’s House“. Во текот на вечерта тој ја изведе и песната ’As It Was‘ која се наоѓа на албумот, а најголема поддршка од публиката му даде поранешната девојка Тејлор Свифт (33).

Штом Хари излезе на сцената, Тејлор стана од столот. Во текот на целиот настап таа стоеше на нозе и танцуваше и пееше на цел глас.

Како што пишува Page Six, Тејлор била единствената која танцувала во делот каде што седела.

Хари и Тејлор, исто така, беа видени како разговараат за време на доделувањето на наградите, и двајцата се смешкаа од уво до уво. Исто така, кога Хари отишол да ја прими наградата и да го одржи својот говор, Тејлор станала и почнала да плеска.

Тејлор и Хари беа во врска неколку месеци, од октомври 2012 до јануари 2013 година.

Слични содржини