Кралот Чарлс Трети ужива зголемена поддршка откако ја наследи кралицата Елизабета Втора како нов монарх на Велика Британија, според анкета на глобална агенција за истражување на јавното мислење.
Истражувањето за весникот „Тајмс“ покажа дека поддршката за Чарлс (73) драстично се зголемила откако станал крал во споредба со анкетите спроведени претходно оваа година, објави „Ројтерс“.
Сопругата на Чарлс, Камила, исто така ужива поголема поддршка.