Поддршката на Трамп за вакцинација ги налути неговите поддржувачи антиваксери

од Nikola Popovski

Поранешните поддржувачи на Доналд Трамп, кои жестоко се противат на вакцинацијата против коронавирус, се лути поради поддршката што поранешниот претседател ја дал за вакцинација и ветуваат дека ќе ги поддржат ривалските републиканци во трката за претседателски кандидат на партијата за две години, пишува денеска Раша Тудеј.

За време на појавувањето на „History Tour“ на поранешниот новинар на Фокс ТВ Бил О’Рајли во Далас, Трамп тврдеше дека успеал да го забрза создавањето вакцини за корона преку програма што обезбеди милијарди долари владино финансирање и го намали времето за одобрување лекови од вообичаено шест или седум години до една.

„Направивме нешто што беше историско“, рече Трамп, а кога подоцна призна дека не само што бил вакциниран двапати, туку примил и бустер доза, тој беше исвиркан од некои негови поранешни поддржувачи.

О’Рајли изјави дека поранешниот претседател му се јавил по настанот и дека му требала утеха.

„Реков – ова е добро за тебе, добро е луѓето да ја видат твојата друга страна, не само политичката“, рече поранешниот водител на Фокс њуз, додавајќи дека му рекол на Трамп дека ја кажал вистината и дека треба да ја преземе заслуга за тоа.

Потоа Трамп дал интервју кое го искористил за да ја зајакне својата поддршка за вакцините, велејќи дека тоа е едно од најголемите достигнувања на човештвото и дека функционира.

„Оние кои многу се разболуваат и одат во болница се луѓе кои не ја примаат вакцината, бидејќи ако ја примите, вие сте заштитени“, рекол Трамп во таа прилика.

Слични содржини