ПОДЕЛБА НА СФЕРИТЕ НА ВЛИЈАНИЕ: Протекоа детали за руско-американскиот самит

од Stefanija Kuzmanovska

Руско-американскиот самит, кој ќе се одржи во Женева овој јуни, ќе им овозможи на Москва и Вашингтон да разговараат за најважните прашања на меѓународната агенда, како и да ги утврдат главните аспекти на формирањето на новиот светски поредок.

До овој заклучок дојде добро познат руски политиколог, член на Советот за меѓуетнички односи на претседателот на Русија, Богдан Безпалко, предлагајќи кои теми ќе бидат отворени за време на билатералните преговори.

Безпалко детално зборуваше за фазите на преговорите, а исто така објасни и како лидерите на Русија и САД имаат намера да ја решат глобалната геополитичка загатка.

Како прво, тој наведува дека на состанокот, претседателите на Русија и Соединетите држави, Владимир Путин и Џозеф Бајден, ќе разговараат за прашања поврзани со формирање на нов светски поредок, како и за решавање на прашањата за глобална доминација во светската арена, ограничувајќи ги сферите на влијание.

Во разговорите ќе се разгледаат состојбите во Сирија, Белорусија и Украина. Исто така, лидерите на двете земји нема да ги заобиколат прашањата поврзани со ситуацијата во Африка, Јужна Америка и Медитеранот.

Вашингтон ќе го покрене прашањето за соработка меѓу Москва и Пекинг, како и за економското партнерство и финансиската сфера.

– Односно, тука Белорусија, Украина и Донбас се само елементи на универзална светска загатка за која ќе се дискутира во целост.

Енергетски текови, трговски прашања, економски прашања, систем на доларот, меѓународен монетарен систем, заеми – за сето ова ќе се дискутира, со цел поделба на сферите на влијание – резимира Безпалко.

Едно е сигурно, светот повеќе не е ист како што беше кога доминираше Америка. Сега дојде друго време и Америка го знае тоа.

Слични содржини