ПОДЕМИ И ПАДОВИ: Еве како Кејт Мидлтон го помина своето време во ИЗОЛАЦИЈА!

од Vladimir Zorba

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон јавно призна дека имало подеми и падови во кралското семејство, како и во многу други, среде пандемијата од коронавирус. Она што се чинеше дека е најтешко за неа беше како таа ќе им објасни на наследниците што точно се случува. Во тоа, на неа и нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, најмногу и излегле во пресрет училиштата во кои одат децата.

„Имавме подеми и падови исто како и секое друго семејство во изолација. Џорџ е многу постар од Луи и јас сум изненадена колку тој сфаќаше дека нешто се случува”, рече таа. „Иако не сакав да ги исплашам и претерувам, мислам дека беше важно некои работи да им бидат објаснети на начин на кој ќе можат да ги разберат, соодветно на нивната возраст“, објасни Кејт.

„Тешко е да им се објасни на малите деца што се случува, но училиштата завршија одлична работа во тој дел и ни помогнаа да ја објасниме целата ситуација на Џорџ, Шарлот и Луи со детали“, призна војвотката, која, со сопругот и трите деца во последниве месеци беше во изолација во семејна куќа во Норфолк.

Слични содржини