Подготвена понуда за заминување на Меси од Барселона

од Stefanija Kuzmanovska

Sвездата на Барселона, Лионел Меси ова лето повторно ќе биде главна тема на светските медиуми и желбите на најбогатите клубови. Наводно, ПСЖ е убеден дека ќе го привлече Аргентинецот, особено затоа што веќе подготвиле проект што би го задоволил. ПСЖ е еден од ретките клубови што може да му понуди на Аргентинецот она што му треба.

Наводно, еден играч на ПСЖ по елиминацијата изјавил дека Меси „за последен пат му бил ривал“ во средата.

Французите веруваат дека можат да направат трансфер, но и да го задржат Килијан Мбапе, а заедно со Нејмар би направиле пеколно офанзивно трио.

Тренерот на тимот од Париз, Маурисио Почетино сигурно ги „трие рацете“ од задоволство, но Меси најверојатно ќе ја чека понудата на новиот претседател на Барселона, Жоан Лапорта.

Слични содржини