Чоколадниот колач  е едно од омилените слатки  задоволства, а во комбинација нешто луто претставува пикантно воодушевување кое ги буди вашите сетила.

Лутиот додаток во благото го потенцира чоколадниот вкус уште повеќе. Затоа, подгответе за едно од најчоколадните  и најпикантни доживувања.

чили колач

  • 3 јајца
  • 80 гр. темно чоколадо
  • 150 гр. шеќер
  • 100 гр. брашно
  • 125гр. маргарин/путер
  • 1 пециво
  • 1/4 лажичка суви чили снегулки
  • *фил
  • *тесто
  • 200 гр. темно чоколадо со висок%    на какао
  • 250 мл. слатка павлака
  •  2 лажици маргарин или путер
  • 1/4 лажичка суви чили снегулки
  • 1/4 лажичка чили во прав

Темното чоколадо и маргаринот/путерот топете ги  на оган и потоа оставете ја  смесата да се излади.
Сувите чили пиперчиња исечкајте ги во сечко за да се добијат форми на чили снегулки.
Јајцата  изматете ги пенасто со шеќерот, додајте од изладената течна смеса од чоколадо и маргарин/путер , матете и додавајте просеано браѓшно и пециво. Сувите чили снегулки измешајте ги во тој состав и истурете во намастена округла тава бр 26.
Овој состав се пече во загреана рерна на 200 степени, во времетрање од  20-25 минути. Се лади убаво.
Слатката павлака и темното чоколадо загревајте ги до вриење со постојано мешање, а потоа кога ќе ги тргнете од оган додадете  од  маргаринот/путерот и мешајте до убаво изедначување и оставете  да се излади до густина на фил кој ќе може да се размачкува. Испеченото изладено тесто е сунѓересто, повисоко на краевите, а пониско во средината. Премачкајте со филот и оставете го да се стегне .

На крај, ако естетиката ви е посилна страна декорирајте по желба и вкус со ситно исечкано чили пиперче

 

Слични содржини