ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ГОЛЕМИ ПРОМЕНИ: Астролозите најавуваат крај на токсичните врски

од Stefanija Kuzmanovska

Аспектот кој носи бран на позитивна енергија, општо поголема будност и подготвеност да се ослободиме од сè лошо што не задржува и да прифатиме позитивни промени, ќе биде на својот врв за време на полната месечина.

Розовата полна месечина ќе се појави на небото на 26 април во длабокиот и мистериозен знак на Скорпија. Оваа месечинска енергија ни помага да ги набљудуваме работите под површината и да ги испитаме вистините што се кријат. Тоа ни носи трансформација, а енергијата на Скорпија ни помага да го расчистиме својот емотивен багаж, не охрабрува да оставиме простор за раст и да се соочиме со нашите чувства.

Полната месечина формира опозициски аспект со сонцето и секогаш се појавува во спротивниот хороскопски знак во однос на сонцето. Тензијата помеѓу овие две спротивставени планети е она што ги тресе и ги интензивира нашите чувства во овој период.

Астролозите нагласуваат дека ќе бидеме поемотивни, почувствителни и ранливи во овој период. Затоа е важно да внимавате да не реагирате бурно!

За разлика од младата месечина, која влијае на потребата да се биде сам, полната Месечина е симбол на социјална интеракција, дружење и насочување на енергијата кон врските и меѓучовечките прашања.

Покрај осветлувањето на небото, полната месечина во Скорпија ќе ги осветли и нашите умови. Подгответе се за бран нови идеи, можности и шанса да ѝ верувате на вашата интуиција.

Нејзиниот дополнителен ефект на лекување, исто така, носи мотивација за напуштање на лошите навики. Полната месечина е симбол на крајот, крајот на нешто лошо и свртувањето на нова страница во животот. Многу токсични пријателства или врски сега ќе завршат.

Ова е моментот кога ја ширите љубовта во себе и кон себе – се впуштате во живот кој зрачи со посветла енергија.

Слични содржини