Подкастот на Меган Маркл најслушан на светот

од Stefanija Kuzmanovska

Меган Маркл го зазеде првото место на најслушаните подкасти на Spotify, соборувајќи го Џо Роган од тронот.

Првата епизода од подкастот Archetypes на војвотката од Сасекс привлече милиони слушатели ширум светот и успеа да се искачи на првото место во САД, Канада, Австралија, Ирска и Велика Британија, пренесува Daily Mail. Само два дена по лансирањето, подкастот од 18 милиони долари го престигна многу популарниот Џо Роган, кој го држеше првото место три години.

Во првата епизода, Меган ја покани тениската ѕвезда Серена Вилијамс да разговара за нејзината кариера и заблуди за амбициозните жени.

Сепак, критичарите се нешто помалку ентузијасти за подкастот отколку слушателите. Еден ден по објавувањето на првата епизода, подкастот на Меган беше бомбардиран од критичарите кои сметаа дека на војвотката не ѝ е пријатно во новата улога и дека премногу зборува за својот живот.

„Првата гостинка е Серена Вилијамс, но љубителите на тенисот кои се приклучуваат можеби ќе бидат малку разочарани. Целиот подкаст е всушност за Меган, бидејќи на Серена ѝ беа потребни 11 минути за да ја каже својата поента. Тешко е да се поверува дека за снимањето на епизодата биле потребни 28 луѓе, вклучувајќи осум извршни продуценти и самата Меган“, пишува The Spectator.

Слични содржини