Подметнал пожар: Уапсен е 32-годишен албански државјанин

од desk4

Попладнево од страна на полициски службеници од полициското одделение Галате уапсен е 32-годишен албански државјанин со иницијали Л.А., кој илегално престојувал во државата, поради сомнение дека подметнал пожар над гостиварско Пожаране.

Како што информираат од МВР, тој ќе биде задржан за понатамошна постапка.

Едно лице е осомничено и за пожарот во Старо Нагоричане и полициските службеници веќе постапуваат во координација со јавен обвинител.

МВР работи и на расчистување на случај во кој се осомничени две лица, за предизвикување пожар од поголеми размери пред село Блаце кон Катланово. Од полицијата велат дека благодарение на брзата интервенција, обидот бил осуетен, а со тоа е спречено распламтување на пожарот.

МВР апелира строго да се почитува забраната за движење во шумските предели, граѓаните максимално да се воздржат од палење огнови, отпадоци, меѓи и стрништа на нивите, да не фрлаат неизгаснати догорчиња и да не оставаат стаклени шишиња или други предмети, кои подолго време изложени на сонце, можат да предизвикаат пожар.

Предизвикувањето на пожар намерно или од невнимание претставува кривично дело за кое е предвидена и затворска казна до 8 години, зависно од видот на пожарот и другите околности и последици, потсетуваат од ресорното министерство.

Слични содржини