Подмладената Македонија без Лазаров го победи Чиле

од Nikola Popovski

Сениорската репрезентација на Македонија ја доби првата контролна средба против селекцијата на Чиле со четири гола разлика откако денеска успеа да дојде до победа од 25:21 во првиот од двата пријателски меча со оваа репрезентација.

За овие натпревари селекторот Брестовац повика комбиниран состав, во него е и Кире Лазаров но тој не влезе на денешниот меч.

Чилеанците се подготвуваат за настап на Светското првенство во Египет на кое може да игра и Македонија ако некоја селекција откаже во последен момент. Селекторот Данило Брестовац сакаше да испроба некои ракометари, па за овие мечеви со Чиле не повика некои од најискусните ракометари и долгогодишни репрезентативци.

Пешевски и Серафимов со по пет гола беа најефикасни, Маџовски даде три, а по два Танкоски, Костески, Мишевски, Ѓорѓиевски и дебитантот Цветан Кузмановски. Митревски имаше осум одбрани во првиот дел, Томовски пет во второто полувреме.

Слични содржини